Според бројни фанови, најатрактивната фудбалерка на светот Алиша Леман има нова љубов и тоа повеќе не е тајна.
Леман преку социјалните мрежи ја потврди врската со Монтел Мекензи, фудбалер кој е познат и по учеството во реалното шоу „Love Island“. Двајцата споделија заеднички фотографии на Инстаграм по повод 28. роденден на Мекензи, а објавите за кратко време предизвикаа огромно внимание и бројни реакции. Со ова, Леман стави крај на периодот по раскинувањето со бразилскиот фудбалер Даглас Луиз, со кого ја прекина врската во јуни минатата година.
Новиот пар претходно беше забележан и на заеднички одмор, а објави и кратко видео кое дополнително ги подгреа гласините. Според информации на „The Sun“, романската започнала во рамки на Белер лигата, каде што двајцата се запознале, а набргу потоа ја започнале врската. Наводно, Леман и Мекензи дел од времето го поминуваат заедно во Комо.
Кога станува збор за фудбалската кариера на Мекензи, тој досега настапувал за неколку американски и англиски нисколигашки клубови. Моментално е дел од полупрофесионален клуб кој се натпреварува во седмата лига.