107
Барселона триумфираше во финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид со 3-2 и го освои првиот трофеј во новата сезона, а покрај спортскиот успех, значајна беше и финансиската добивка.
Каталонскиот клуб со освојувањето на пехарот инкасира осум милиони евра, додека Реал Мадрид како поразен финалист заработи 7,5 милиони евра.
Разликата меѓу двата вечни ривали изнесува 500.000 евра, што во контекст на денешниот фудбал има речиси симболично значење.
Вкупниот награден фонд на Суперкупот изнесува 21,3 милиони евра. Барселона и Реал Мадрид добија по шест милиони евра за самото учество на турнирот, а дополнителните бонуси дојдоа преку пласманот во финалето и освојувањето на трофејот.