Поранешниот дефанзивец на Челси, Џон Тери откри дека низ глава му поминале лоши мисли по финалето во Лигата на шампиони во 2008 година, кога можеше да му донесе трофеј на Челси, но се лизна при изведувањето на пеналот.
Челси и Манчестер јунајтед се сретнаа во финалето на Лигата на шампиони во 2008 година на „Лужники“, а натпреварот ќе биде запаметен по фамозното промашување на Џон Тери.
Во пенал серијата, дефанзивецот имаше прилика на „сините“ да им го донесе трофејот, но се лизна и промаши.
Потоа и Никлас Анелка не реализраше, па „ѓаволите“ се радуваа на нов успех во најелитното европско натпреварување.
Џон Тери сега открива дека низ глава му поминувале лоши мисли и малку фалело да скокне од 25-от кат на хотелот во Москва.
„Кога сега ќе се присетам, би сакал да можев да разговарам со некого во тој момент“ – вели поранешниот капитен на Челси.
„После натпреварот сите се вративме во хотелот и јас бев на 25-от кат, гледав низ просторот и се прашував, „Зошто? Зошто?““
„Не велам дека ако ми се укажеше прилика навистина ќе скокнев, но знаете, секакви мисли ви поминуваат низ глава во таков момент. Потоа дојдоа момците и ме симнаа долу“.
„Но тоа се моменти кога помислувате, „Што ако?“ Никогаш не се знае, нели?“
ФОТО: X/Chelsea FC