Македонија У20 победи во Вадуц на премиерниот меч

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години победи на својот прв натпревар по формирањето со 0-3 на гостински терен против Лихтенштајн во Вадуц.

Херој на победата беше Димитар Данев. Крилото на Вардар кој веќе настапува и за У21 тимот на Македонија беше двоен стрелец.

Резултатот во Вадуц го отвори Величковски со гол во 52. минута од средбата за 0-1. Потоа следуваа две мајстории на Данев, бидејќи прво претрча цела половина за да удвои на 0-2 во 57. минута, а за крај во 78. даде ефектен гол директно од слободен удар.

Ова беше прв историски натпревар на селекцијата до 20 години со која предводи Александар Таневски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×