Англиските медиуми пласираа сензационална приказна во која тврдат дека Манчестер Jунајтед сериозно размислува за трансфер на Нејмар. Бразилецот би можел повторно да се појави во европскиот фудбал, и тоа на „Олд Трафорд“, иако последните години го следат повреди и нестабилна форма.
Нејмар, најдобар стрелец во историјата на бразилската репрезентација со 79 голови на 128 настапи, моментално е фудбалер на Сантос.
Договорот му истекува во 2026 година и токму тоа отвори простор за шпекулации за неговиот следен чекор. Освен премиерлигашката опција, претходно се споменуваше и можноста да се пресели во МЛС, конкретно во Интер Мајами, каде повторно би се здружил со Меси и Суарез.
Манчестер Јунајтед бара големо име кое би донело квалитет и маркетиншка тежина, па не е чудно што Нејмар се најде во нивните планови. Дали ќе има конкретни разговори останува да се види во периодот што следи.