Харви Барнс имаше големо промашување во првото полувреме против Манчестер Сити, но во продолжението се искупи со два погодока и му донесе победа на Њукасл од 2-1.
Њукасл со 2-1 славеше против Манчестер Сити во дербито на „Сент Џејмс Парк“.
Првото полувреме донесе големи промашувања, Харви Барнс промаши празен гол од пет метри, а на спротивната страна Фоден биеше крај стативата од ситуација во која ретко греши.
Но вториот дел донесе луди шест минути во кој Харви Барнс го отвори резултатот со прекрасен шут од врвот на шеснаесетникот, за Рубен Диаш веднаш да одговори и една одбиена топка некако да ја протне низ ѕидот од противнички играчи за 1-1.
Но следуваше нов одговор на Барнс, кој некако успеа да се снајде откако Бруно Гимараеш ја погоди пречката и атрактивно да реализира за 2-1.
ФОТО: X/Newcastle United