Ливерпул подготвува големо предавство за наследникот на Ван Дајк?!

by bojan
1 минути читање
Ван Дајк

„Црвените“ се во потрага на наследник на Вирџил ван Дајк и подготвува сензационален потег и трансфер на Џарад Брантвeјт од лутиот локален ривал Евертон.

Вирџил ва Дајк ја одработува последната година од договорот со Ливерпул, на маса нема предлог за нова соработка, и се шпекулира дека ќе го пуштат Холанѓанецот беспари да замине по крајот на сезоната.

„Црвените“ веќе се во потрага за ново решение во срцето на одбраната и едно од имињата на врвот на листаат со желби е Џарад Брантвeјт од Евертон.

Младиот дефанзивец е многу ценет на „Енфилд“ и исполнува голем дел од критериумите што ги бара Ливерпул.

Се шпекулира со сума од 70 милиони фунти, но проблем е историјата помеѓу двата клуба, Евертон тешко дека ќе дозволи својата ѕвезда да се пресели во лутиот градски ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×