Ккао што пренесува Скај Спортс, Баерн Минхен го мерка Дани Олмо од Барселона, шампионот на Германија подготвува голема понуда за шпанскиот репрезентативец.
„Баварците“ стравуваат дека во иднина можат да останат без Мајкл Олисе или Џамал Мусиала, па сакаат навреме да се подготват за едно вакво сценарио.
Скај Спортс објави дека Баерн Минхен го мерка Дани Олмо од Барселона, кој подолго време е на нивниот радар.
Шампионот на Германија го има шпанскиот репрезентативец во својот бележник уште од неговите денови во Динамо Загреб, а потоа и во РБ Лајпциг, каде што прикажа неколку импресивни настапи против баварскиот гигант.
Се шпекулира дека Баерн Минхен е подготвен да одвои околу 70 милиони евра за ангажман на Дани Олмо, што е десет милиони повеќе од сума што Барса ја плати пред две години.