Ливерпул пак ќе бара објаснување од судиите, „црвените“ доживеаја тежок пораз од Нотингем (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Ливерпул доживеа тежок пораз и на „Енфилд“ загуби со 0-3 од Нотингем Форест, домаќините сигурно ќе имаат нови забелешки за судиите.

Ливерпул приреди ново разочарување, попладнево пред домашните нави важи доживеа тежок пораз од Нотингем Форест.

Муриљо го отвори резултатот во 33. минута, дефанзивецот одлично се снајде по еден прекини ја затресе мрежата за 0-1.

На стартот од вториот дел Савона погоди за 0-2, а сите дилеми околу победникот ги реши Гибс-Вајт во 78. минута.

Но „црвените“ сигурно повторно ќе бараат објаснување од судиите откако пред две недели голот на Ван Дајк против Манчестер Сити беше поништен поради тоа што Робертсон беше во пасивен офсајд, а сега при една слична ситуација, голот на Муриљо важеше.

На останатите натпревари од 18 часот, Кристал Плас со 0-2 славеше на гости кај Вулверхемтон, Фулам со 1-0 го совлада Сандерленд, Брајтон со 2-1 ја доби пресметката против Брентфорд, додека пак Борнмут и Вест Хем одиграа 2-2.

ФОТО: X/Nottingham Forest

Можно е и ова да ти се допаѓа

×