Според информациите кои
ги објавуваат дел од шпанските медиуми, се вели дека Карим Џазири, агентот на
напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, добил неколку повици од Премиерлигаши,
кои пријавиле интерес за напаѓачот.
Сепак, не станува збор
за активност која може да донесе трансфер идниот месец, туку се работи за
евентуален трансфер во летниот преоден рок.
Според „Bernabeu
Digital“, и покрај тоа што има важечки договор со клубот до 2021. година
и откупна клаузула од неверојатни 1,000 милион евра, Бензема е доста интересен
за неколку Премиерлигаши, но името на заинтересираните клубови засега е
непознато.
Како и да е, иднината на
Бензема најмногу зависи од првиот човек на Реал Мадрид, претседателот нак лубот
Флорентино През кој има високо мислење за францускиот напаѓач.