90
Оваа сезона често се говореше за можноста Марек Хамшик да го сруши рекордот на Диего Марадона, навивачите дури бараа Словакот да ја добие улогата на изведувач на пенали за што поскоро да влезе во историјата на клубот.
Но самиот играч го одби ова и сакаше без „врски“ да го надмине постигнувањето на легендарниот Аргентинец.
Минатата недела тој го изедначи рекордот на Диего Марадона, а попладнево одново се запиша во листата на стрелците и го забележа погодокот број 116.
Па тој сега е прв стрелец на Наполи.