Какво лудило: Дадоа еврогол, но секунда претходно судијата свирна крај! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Спортинг Хихон и Расинг Сантандер од Ла Лига 2 заврши со домашна победа (2-1).

Сепак, во финишот се случи навистина луда сцена. По еден слободен удар за Сантандер, домашните исфрлија на околу 30 метри, а судијата веднаш свирна крај бидејќи времето беше истечено.

Сепак, следуваше вистинска „бомба“ која заврши директно во аголот на домашните, меѓутоа секунда претходно се огласи главниот судија и означи крај. Тоа го разлути гостите кои тргнаа да се расправаат со судијата, па се делеа и црвени картони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×