810
Стратегот од клупата на
француски ПСЖ, Унаи Имери бил мета на крадци во неговиот дом, а од информациите
кои пристигнуваат украдени биле два дреса од првата ѕвезда на тимот од Париз,
Нејмар, како и документација поврзана со неговиот рекорден трансфер вреден 222
милиони евра.
Полицијата трага по
сторителите, а француските медиуми објавија дека куќата во која живее шпанскиот
тренер е покриена со видео-надзор, нешто што би им помогнало на тамошните
власти.