Вечерва во ЛШ: Големо дерби во Шпанија, Елмас може да заигра на позиција на која никогаш не играл!

by Стефан
1 минути читање

Вечерва љубителите на фудбалот ќе уживаат во најголемото дерби од почетокот на новат сезона во Лигата на шампионитее, ПСЖ гостува кај Барселона.

Барса и ПСЖ зад себе имаат успешен старт, каталонците триумфираа кај Њукасл со 2-1, а „светците“ убедливо ја совладаа Аталанта со 4-0 пред своите навивачи. Избраниците на Ханси Флик играат во препознатлив ритам од самиот почеток на сезоната, со пет последователни победи и без пораз во Примера. Единствените изгубени бодови беа во ремито со Рајо Ваљекано.

Ова ќе биде прв нивни судир по четвртфиналето во најелитното европско натпреварување во сезоната 2023/2024, кога ПСЖ беше подобар и славеше со вкупни 6-4 во двомечот.

За нас интеересен ќе биде и натпреварот на Наполи поради Елиф Елмас. По неуспехот против Манчестер сити во првото коло, Италијанците предводени од Антонио Конте ќе се обидат да дојдат до првата победа сезонава против Спортинг. Интересно е тоа што Конте најави можност Елмас да заигра на несвојствена позиција како десен бек и тоа е позиција на која македонскиот репрезентативец не играл никогаш претходната.

Програмата ја отвораат дуелите Карабах – Копенхаген и Ројал Унион – Њукасл од 18:45 часот, додека во терминот од 21:00 ќе се одиграат уште пет средби: Арсенал – Олимпијакос, Леверкузен – ПСВ, Борусија Дортмунд – Атлетик Билбао и Виљареал – Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×