Веќе три средби
финишираа, а истите стартуваа во терминот од 20 часот и 45 минути.
Манчестер Сити не
запира, славеше на гостувањето кај Свонси со 0-4. Два гола за победничкиот
табор постигна Силва, додека по еден Де Брујн и Агуеро.
Три победи и едно реми (со
Ливерпул), ова е учинокот на Евертон во последните четири натпревари под
водство на новиот шеф на стручниот штаб Сем Алардајс по катастрофалниот старт
во новата сезона.
Евертон со минимална
победа од 0-1 се врати од гостувањето кај Њукасл, а единствениот гол на мечот
беше дело на Руни во првото полувреме. Евертон конечно заличува на себе, а
доколку продолжи во вакво темпо, се поизвесно е дека набрзо ќе го видиме со
голем прогрес на табелата во Премиерлигата.
Лестер славеше убедливо
на гостувањето кај Саутемптон со 1-4, а победата ја навести уште на полувремето
каде имаше водство од 0-3. Два гола во победата на Лестер постигна Оказаки, по
еден Марез и Кинг. За домаќините единствениот гол го постигна Јошида