Донарума се расплака во соблекувалната по навредите од фановите на Милан, капитенот Бонучи го тешеше (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Младиот и
суперталентиран голман на Милан, Џиџо Донарума се најде на удар на фановите на
клубот пред стартот на мечот со Верона во Копа Италија, поточно во моментите
кога тој се загреваше на теренот.

Пред извесен период се
појавија гласини за тоа дека Донарума барал поништување на договорот со клубот
кој го потпиша во јуни, а за тоа наводно како причина навел дека бил принуден
поради морално насилство.

„Морално насилство? Земаш плата од 6 милиони, купен е и брат ти паразитот” – навивачите на Милан удрија по Донарума (ВИДЕО)

Фановите на Милан не се
штедеа во критиките кон Донарума па го навредија по разни основи вечерва (повеќе
за ова – ТУКА), а постои и снимка која го улови голманот во солзи во
соблекувалната пред мечот со Верона. Донарума беше поддржан и тешен од страна
на капитенот на Милан, Леонардо Бонучи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани