Новинарот Еду
Агире во емисијата Ел Чирингито пренесе дека односот помеѓу ЦР7 и Реал Мадрид е
лош како никогаш претходно.
Уште од минатото
лето се пишува дека ЦР7 не е среќен во Мадрид, а последните информации велат
дека разликите помеѓу клубот и играчот наместо да бидат намалени, тие се се
поголеми.
Еду Агире вели
дека Роналдо бесен се вратил дома по церемонијата во Париз кога ја доби петтата
„Златна Топка“ поради говорот на Флорентино Перез.
Причина е
изјавата на претседателот на Реал Мадрид за тоа дека Нејмар ќе има поголеми
шанси да стигне до престижната индивидуална награда на Франс Фудбал доколку
игра на Сантијаго Бернабеу.
На Кристијано не
му се допаѓа тоа што Перез постојано флертува со Бразилецот и верува дека со
ова првиот човек на клубот покажува непочитување кон него.
Како што стојат
работите во моментов, Еду Агире смета дека Кристијано Роналдо има поголеми
шанси да замине од Мадрид по крајот од сезоната отколку да остане.
Реал на маса нема
ставено нов договор за играчот со кој би му ја доближил платата до примањата на
Нејмар и Меси, но ниту пак Кристијано Роналдо н е сака да преговара за
продолжување на соработката.
Во моментов, Португалецот
сака само една работа, да биде намалена неговата откупна клаузула за да има
пристојни шанси за трансфер. Адвокатите на играчот од Реал Мадрид бараат пишан
документ од Реал со ветување дека ќе му дозволат на ЦР7 да замине.
Откупната клаузула
на Роналдо е една милјарда, сума која никој нема да ја плати.