Чаби Алонсо попладнево ја имаше честа да ги влече паровите за осминафиналето од најелитното европско натпреварување, и слободно може да се каже дека тој одбра тешки противници за клубовите од Шпанија.
Неговиот поранешен клуб Реал Мадрид го спои со ПСЖ, „Светците“ имаат високи амбиции откако изминатово лето ги купија Нејмар и Мбапе, и се помеѓу фаворитите за триумф.
Барселона ќе игра против Челси, а Севиља со Манчестер јунајтед, па Алваро Арбелоа реши да го истрола Чаби Алонсо на социјалните мрежи.
„Сите знаеме дека Чаби Алонсо е многу подобар со нозете отколку со рацете“ – напиша Арбелоа на Твитер.
Todos sabemos que @XabiAlonso es mucho mejor con los pies que con las manos.
No hay miedo. ¡A por ellos! PSG-RM— Álvaro Arbeloa (@aarbeloa17) December 11, 2017