Жиру се израмни со Солскјаер

by
1 минути читање

Арсенал се врати
непоразен од гостувањето кај незгодниот Саутемптон викендов, а стрелец на
израмнувачкиот гол за 1-1 во финишот од средбата беше францускиот напаѓач
Оливие Жиру.

Жиру влезе во игра на
местото на неговиот сонародник Лаказет во 72. Минута, а погоди во 88. Минута.

Одличниот напаѓач на
Арсенал постави еден голем статистички јубилеј зад своето име, се израмни со
поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјаер.

Жиру
го постигна 17 гол во Премиерлигата влегувајќи како замена од клупата за
резервни фудбалери, истиот учинок го има и Солскјаер, со тоа што Французинот во
наредните натпревари ќе има можност дури и да го надмине.

Ќе издвоиме дека денеска англиските медиуми пишуваат дека Арсен Венгер му порачал на Жиру дека неговата иднина е во Арсенал, па се поизвесно е дека искусниот напаѓач ќе остане во Лондон и по јануарскиот преоден рок, со оглед на тоа што посакува минутажа за да биде повикан за Мундијалот во Русија идната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани