581
Попладнево во
Нион беа извлечени двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите, а
најинтересни ќе бидат дуелите Реал Мадрид-ПСЖ и Челси-Барселона.
Според пишувањата
на медиумите од Шпанија, Нејмар по ждрепката му пишал на својот поранешен
соиграч Лео Меси.
Бразилецот дал
ветување дека ќе се погрижи актуелниот европски шампион Реал Мадрид, и лут
ривал на Барселона, да ги спакува куферите и да биде елиминиран уште во првата рунда од нок-аут фазата.
Нејмар, кој
остана добар пријател со Меси по заминувањето од Камп Ноу, исто така му порачал
на Аргентинецот дека Барса може да го елиминира Челси, и посакал да се сретнат во подоцнежната фаза,
по можност во финалето во Киев.