Двајцата стари
ривали овој викенд ќе имаат нова пресметка, на Олд Трафорд во недела, Манчестер
јунајтед го пречекува Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола
попладнево на средбата со новинарите изненади со изјавата и истакна дека тој и
Жозе Мурињо се близнаци.
На прашањето дали
е опседнат по успех исто колку и неговиот колега, Шпанецот рече: „Дефинитивно,
мислам дека сме близнаци по ова прашање. Тој сака да освојува трофеи и јас сакам
да освојувам трофеи“.
Пеп само не кажа
кој е Арнолд Шварценгер а кој Дени Де Вито од култниот филм „Близнаци“ бидејќи
само во едно вакво сценарио тој и Жозе би можеле да бидат близнаци.
Нивната фудбалска
филозофија е сосема различна, исто како и начинот на кој двајцата ги
остваруваат зацртаните цели.