Олимпијакос и Пафос одиграа реми без голови (0-0) во првото коло на Лигата на шампионите. Кипарскиот гостин во Пиреја одигра неверојатна дефанзивна партија, пред сè бидејќи повеќе од еден час беше со човек помалку. Олимпијакос беше доминантен и имаше доста шанси, меѓутоа не успеа да го скрши домашниот отпор во ниту еден моменти.
Со два жолти картони до 26. минута Бруно заработи исклучување и го остави Пафос со десетмина на дебито во елитното европско натпрварување. И покрај тоа тимот од Кипар се бранеше маестрално, со низок блок и расположен голман го задржа фаворитот и домаќин до крајот за прв историски бод во Лигата на шампионите.
Поефикасно, меѓутоа исто така без голови беше во Прага каде што Славија испушти водство од 2-0 и ремизира против Бодо Глимт (2-2).
Поведоа Чесите со двата гола на Јусуфа Мбоџи во 23. и 74. минута, а во меѓувреме Норвежаните не реализираа најстрога казна. Сепак, пред завршницата Даниел Баси го врати Бодо во игра, за потоа на истекот на регуларното време Сондре Фет да погоди за конечните 2-2.