Шпанија се закани дека нема да игра на СП 2026!

by 24 фудбал
1 минути читање

Владата на Шпанија упати сериозни предупредувања до ФИФА и најави дека ја разгледува можноста да ја бојкотира Светското првенство што следната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Причината за ваквата позиција е евентуалното учество на Израел, кој во моментов спроведува воена офанзива во појасот Газа. Од Владата порачаа дека нема да се двоумат да ја повикаат Шпанската фудбалска федерација да го повлече националниот тим од Мундијалот, доколку израелската репрезентација обезбеди пласман.

Заканата предизвика голема полемика во јавноста. Дел од шпанските граѓани сметаат дека потегот е оправдан и легитимен, но угледната „Марка“ пренесува дека навивачите испратиле јасна порака до Владата да не се меша во спортот и да ѝ дозволи на „црвената фурија“ да се појави на најважниот фудбалски настан.

Шпанија важи за еден од најголемите фаворити за трофејот. „Црвената фурија“ досега има една светска титула, освоена на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×