Тренингот на Реал Мадрид денеска започнал со задоцнување од еден час откако неочекувани гости се појавиле во тренинг кампот.
Имено, во Валдебабс утрово пристигнале претставници на Ла Лига со цел да направат допинг контрола на шестмина фудбалери.
Неочекуваната акција предизвика негодување во „кралскиот клуб“, особено затоа што дојде во пресрет на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.
Како што пренесува „Марка“, од Мадрид испратиле порака дека контролата токму во пресрет на првиот меч од елитното европско натпреварување е повеќе од необична.
„Станува збор за стандардна процедура која клубот ја почитува, но начинот на кој беше спроведена предизикува чудење“, наведува шпанскиот медиум.
Од Реал дополнуваат дека целиот претходен ден тимот бил достапен за тестирање, но од Ла Лига тогаш никој не се појавил.
Во новата сезона од елитното европско натпреварување, Реал Марид утре на свој терен игра против Марсеј.