130
Тоа што беше претходно најавено, сега е и официјално, Вардар се засили со напаѓачот Фахад Азиз Бајо и стоперот Муса Раматан, двајцата доаѓат од Уганда.
Бајо е 27-годишен напаѓач на кој главната позиција му е истурен шпиц, но може да игра и како офанзивен фудбалер од средниот ред и крилен напаѓач. Тој стави потпис на двегодишен договор со Вардар со можност за уште една дополнителна сезона.
Муса е 23-годишен фудбалер кој е централен дефанзивец. Тој потпиша тригодишен договор со Вардар со можност за продолжување на уште една сезона.