На Манчестер јунајтед не му оди најдобро ниту во новата сезона во Премиер лигата во која „црвените ѓаволи“ имаат по една победен, еден пораз и едно реми, а беа елиминирани и од четвртолигашот Гримсби во англискиот Лига Куп.
Една од позициите за кои Аморим не бил задоволен во овој преоден рок била голманската и според последните информации од Островот во финишот клубот ќе се обиде да доведе нов голман.
Наводно, мета е Емилијано Мартинез. Мартинез како опција за Јунајтед се споменувааше и во текот на летото, но не се случи нешто сериозно.
Мартинез има дозовола да ја напушти Астон вила која веќе доведе негова замена, Аргентинецот Бизо, меѓутоа чека вистинска понуда.
Во Јунајата Онана беше катастрофален против Гримсби, Бајндир исто така му подари еден гол наа Барнли, па на „Олд Трафорд“ немаат многу избор.
Покрај Мартинез се пишуваше и дека Јунајтед го следи млдиот Сен Леменс од белгискиот Ројал Антверп.