Серхио Рамос сè уште нема одлучено да стави крај на кариерата, иако од почетокот на 2026 година е без договор.
Сега според последните информации во медиумите Унаи Емери сака да го доведе во Астон вила и да ја искористи можноста што Рамос е слободен играч, бидејќи му е потребен лидер во одбраната.
Езри Конса замина во Арсенал, па Емери го загуби својот лидер и „продолжена рака“ на теренот. Поради тоа, Вила размислува да го ангажира Рамос како играч за ротација.
Серхио Рамос, секако, е отворен за ваква можност. До Нова година тој настапуваше за Монтереј во Мексико, а со евентуалниот трансфер во Астон Вила би можел уште еднаш да заигра на најголемата сцена пред крајот на кариерата.
Шпанецот по Реал Мадрид настапуваше за ПСЖ, а потоа се врати во Севиља, пред привремено да се пензионира и повторно да се активира како фудбалер на Монтереј.