Пет гиганти ширум Европа сакаат да го украдат најголемиот талент на Манчестер Јунајтед

by bojan
1 минути читање

15 годишниот Џеј Џеј Габриел вчера го шокираше Манчестер Јунајтед со барање да си замине, а ситуацијата веднаш го привлече вниманието на дел од најголемите европски клубови.

Џеј Џеј Габриел, кој важи за најголемиот талент во школата на  „црвените ѓаволи“, сака да го напушти Манчестер Јунајтед и достави барање за раскин на регистрацијата.

Клубот од „Олд Трафорд“ не се откажува, сака да го задржи „малиот Меси“, а како што објави „Атлетик“, дури и сопственикот Сер Џим Ретклиф е информиран за ситуацијата.

„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го убедат младиот фудбалер да ја промени одлуката, и да продолжи во Манчестер Јунајтед.

Нејасно е која е причината за ваквиот развој на настаните, но ситуацијата будно ја следат европските гиганти. Челзи, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ се меѓу клубовите кои покажале интерес.

Во моментов, најмногу се зборува за Реал, „кралевите“ сакаат Џеј Џеј Габриел да го приклучат на Кастилја тимот, и младиот Англичанец е отворен за преселба во Мадрид.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×