Денеска беше извршена ждрепката за лигашкиот дел од Конференциската лига во која за првпат во својата историја учествува и македонскиот шампион, Шкендија.
Рајо Ваљекано е најатрактивното име кое Шкендија го доби за противник во лигашкиот дел од Конференциската лига.
Останатите противници се Слован Братислава, Јагелонија, Дрита, Шелбурн и АЕК Ларнака.
Шкендија првиот натпревар ќе го одигра на 2 октомври, а главната фаза завршува на 18 декември.