Српската фудбалска ѕвезда, Немања Матиќ смета дека спас за фудбалот на овие простори е само формирање на реагионална лига, тој верува дека еден ден тоа ќе се случи.
Во интервју за „Спортске новости“ тој вели дека само со создавање на заедничка лига фудбалот на овие простори може да има напредок и да биде интересен за спонзорите.
„Според мене, регионалната лига е единствен спас за клубовите од овие простори и верувам дека еден ден таа ќе се случи. Ние сме мали земји и не сме интересни за спонзорите и за богатата Европа, замислете како ќе биде Црвена звезда да гостува на Пољуд или Динамо Загреб во Нови Сад, сите стадиони ќе бидат полни“, вели Матиќ.
„Сметам дека сме подготвени за такво нешто, потенцијален проблем се мали групи кои имаат поинакви интереси и група идиоти кои себеси се нарекуваат навивачи. Сигурен сум дека нормалните фанови не гледаат ништо спорно во една ваква лига, нивните клубови ќе бидат побогати и посилни, и јас сум навивач, па не сум хулиган. Навивам за Јединство УБ, не одам на стадион да се тепам со некого или да навредувам некој поради националност или Богот на кој се моли“.