Стратегот од клупата на
Манчестер Сити, и поранешен тренер на Барселона, Пеп Гвардиола ќе избегне
ангажман на Лионел Меси, пишува „Диарио Гол“.
Гвардиола сево ова ќе го
направи само за да избегне било каков судир со Каталонскиот клуб, а со тоа ќе
избегне и негативни ефекти од фановите доколку еден ден сака да се врати во
клубот.
Актуелниот важечки
договор на Меси со Барселона истекува идното лето, па постои опција
Аргентинецот да постигне преддоговор со одредена екипа заинтересирана за
неговите услуги уште во јануари.
Барселона неколку пати ја уверуваше јавноста дека Меси има потпишано нов договор со клубот, но неофицијалните информации кои ги објавуваат дел од медиумите во Шпанија велат дека се уште нема потпис на Аргентинецот за продолжување на верноста со Каталонците.