Челси и Тибо
Куртоа подолго време се во преговори за продолжување на соработката, и оваа
недела се појавија стории кои велеа дека Белгиецот го одбил последниот предлог.
Медиумите од
Белгија сега откриваат повеќе детали и пишуваат дека Тибо Куртоа побарал
годишна плата од 12 милиони евра.
Имено, Тибо
Куртоа сака да заработува колку својот колега од Манчестер јунајтед, Давид Де
Геа кој е најплатен голман во Премиерлигата.
Чуварот на
мрежата на „Сините“ во моментов заработува двојно помалку, односно 5,7 милиони
евра и преговорите ќе бидат ставени во мирување до крајот на сезоната.
Па Челси е ставен
во тесно со оглед на тоа дека Тибо Куртоа е под договор до 2019 а за неговите
услуги интерес пројавуваат неколку екипи, помеѓу кои и Реал Мадрид.