101
Манчестер јунајтед со
пораз од 1-0 се враќа од гостувањето кај Базел, а бележиме еден мошне интересен
рекорд во Лигата на шампионите, поставен од Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ влезе во
игра на мечот во Швајцарија во 74. минута, менувајќи го Марсијал, а зад себе
запиша нешто што никому не му успеало досега.
36 годишниот шведски
напаѓач стана првиот фудбалер во историјата на ова натпреварување кој запишал
барем по еден настап за седум различни клубови кои биле учесници во Лигата на
шампионите.
Претходните четири натпревари Ибрахимовиќ ги пропушти поради повреда.
Покрај Манчестер
јунајтед, претходно тоа го стори и во дресот на Ајакс, Јувентус, Интер,
Барселона, Милан и ПСЖ.