404
Реал Мадрид официјално потврди дека ќе се обрати до УЕФА, ФИФА и Високиот спортски совет на Шпанија со цел да го спречи одигрувањето на натпреварот Виљареал – Барселона во Мајами.
„Кралевите“ не се согласуваат дел од шпанското првенство да се игра надвор од земјата и ќе побараат институциите да реагираат за овој меч да се одигра на шпанско тло.
Одлуката за одигрување на натпревар во САД предизвика големи реакции во Ла Лига, а Реал Мадрид е првиот клуб кој јавно најави конкретни правни чекори за да го стопира планот.