Еден од најпознатите светски парови ќе прави свадба: Роналдо ја запроси Георгина!

by 24 фудбал
1 минути читање

По девет години врска, Кристијано Роналдо конечно одлучи да ја запроси својата партнерка Георгина Родригез.

Двојката се запозна во Мадрид кон крајот на 2016 година, во продавница за луксузна облека каде што Георгина работеше како продавачка. Од тогаш се неразделни, а сега нивната љубовна приказна доби ново поглавје.

Прекрасната вест ја потврди Георгина на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од вереничкиот прстен кој ѝ го подари Португалецот. Роналдо со години беше прашуван кога ќе се реши на ваков чекор, а тоа се случи дури откако влезе во петтата деценија од животот.

Фотографијата од прстенот за неколку часа собра илјадници лајкови, а фановите веќе зборуваат за свадба на годината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×