104
Во финалето во Лигата на шампионите во 2005 година, Милан против Ливерпул водеше со 3-0 на полувремето, но црвените израмнија во вториот дел, победија на пенали и го кренаа трофејот. Тоа беше можеби најгорчливиот пораз во историјата на росонерите.
Синоќа во многу побезначаен натпревар се случи нешто слично, овој пат Ливерпул беше жртвата. Англискиот тим водеше со 3-0, а Севиља израмни во второто полувреме.
По мечот, Бен Једер кој постигна два гола го истрола Ливерпул на својот твитер профил објавувајќи слика од резултатот на мечот и притоа напиша: „Се надевам дека Милан гледаше“.