Шешко стана втор најскапо платен играч од „екс-Ју“

by 24 фудбал
1 минути читање

Словенечкиот репрезентативец Бенјамин Шешко и официјално е нов играч на Манчестер Јунајтед, откако денеска го комплетира трансферот од Лајпциг.

„Црвените ѓаволи“ за 22-годишниот напаѓач платија 85 милиони евра, со што тој стана вториот најскап фудбалер од просторите на поранешна Југославија. Пред него е само Јошко Гвардиол, кој во 2023 година премина од Лајпциг во Манчестер Сити за 90 милиони евра.

Шешко важи за еден од најперспективните напаѓачи во Европа, а во дресот на словенечката репрезентација веќе е четврти најдобар стрелец со 16 гола. Многумина веруваат дека е само прашање на време кога ќе го урне рекордот на Златко Заховиќ, кој постигна 35 погодоци во периодот од 1992 до 2004 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×