Нејмар од натпревар оди во диско но тоа не му пречи на Емери: Млад е, треба да се забавува со пријателите

by
1 минути читање

Нејмар одново е
во фокусот на медиумите, овој пат поради неговиот ноќен живот и лудите забави.

Медиумите од
Франција објавија дека Бразилецот по победата од 4-1 над Нант во саботата, се
упатил во едно преградии на Париз (одалечено на 30 километри од центарот) за да
го прослави роденденот на неговиот пријател, американскиот рапер Тајга.
Двајцата потоа продолжиле да се журкаат во елтниот ноќен клуб Квин каде
заглавиле до раните утрински часови.

Само неколку дена
претходно се говореше дека Нејмар по натпреварот помеѓу Англија и Бразил во
Лондон исто така заминал право во диско и се забавувал до 6 часот наутро.

Но ваквите стории
не му пречат на Унаи Емери, тренерот на ПСЖ вели дека Нејмар е млад и треба да
се забавува со пријателите.

„Надвор од
работа, фудбалот, тој може да ужива со пријателите
– рече стратегот на прес конференцијата пред утрешниот дуел
со Селтик во Лигата на шампионите.

„На тренинзите е
многу добар. Нејмар е млад и треба да излезе и да се забавува со пријателите. Но кога е се
во прашање обврските кон клубот, тој секогаш е одговорен
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани