Како во Црна Гора се поставуваат корнер знаменца? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мрзеливоста ја буди креативноста, па економот на второлигашот од Цетиње, Ибар се досети како да ги постави корнер знаменцата а да не вложи голем напор.

Пред натпреварот со Језеро кој Ибар го доби со 1-0, економот со црвено „Фичо“ се провозе низ теренот и ги постави четирите знаменца на аглите од теренот.

Работата беше завршена додека фудбалерите се загреваа на почетокот на натпреварот, изум кој можеби ќе го следат и други црногорски екипи, но не веруваме дека и во други земји ова би можело да стане пракса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани