Лажел дека е новинар за да се слика со Роналдо, избегнат инцидент во Никозија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

ЦР7 има огромен број на фанови ширум светот, и многумина се подготвени да направат нешто лудо за фотка со ѕвездата на Реал Мадрид.

Таков беше и денешнит потег на еден навивач од Кипар, кој лажел дека е новинар за да пристапи во забранетата зона пред хотелот Хилтон, каде е сместена делегацијата на „Кралевите“.

Кога Кристијано Роналдо се симна од автобусот, фанот се стрча кон Португалецот, но обезбедувањето реагираше веднаш и го спречи навивачот во намерата.

„Кралевите“ попладнево пристигнаа во главниот град на Кипар за утрешниот дуел со АПОЕЛ во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×