85
Ретко видени фудбалски
сцени можевме да забележиме на мечот помеѓу Спартак Суботица и Борац Чачак,
каде домаќините славеа со 3-1 а имаа негатива откако во 27. Минута гостите први
поведоа на мечот.
Во самиот финиш од
првиот дел главниот арбитар на мечот досуди пенал за домаќините а фудбалерите
на Борац имаа големи негодувања на оваа негова одлука, по што стрелецот на
голот и уште еден фудбалер на гостинскиот табор беа исклучени.
Домаќините израмнија на
1-1 а гостите протестираа седејќи на тревникот. Во продолжението од мечот Борац
го опструираше натпреварот а нивниот голман при секој допир со топката ја
исфрлаше силно вон рамките на фудбалската арена.