192
Манчестер јунајтед имаше
слаб старт во дуелот против Њукасл на домашен терен викендов во Премиерлигата,
тргна со негатива а на крајот славеше со 4-1 и ја одржа трката за титулата.
Марсијал, Смолинг, Погба
и Лукаку беа стрелци на головите на победничкиот тим, фановите на Манчестер
јунајтед посебно се воодушевени од тоа што го направи Рашворд во голот на Погба
за 3-1, во кој тој асистираше.
Рашворд претрча половина
од теренот за четири секунди, имаше убава прегледност на играта во оваа
ситуација и мајсторски ја спушти до Французинот кому не му беше тешко да ја
смести топката во противничката мрежа.