Озил би можел во Барселона, Арсенал би го добил Гомеш и дополнително обештетување

by
1 минути читање

Според информациите кои
ги пренесуваат повеќето медиуми, се вели дека Барселона во јануарскиот преоден
рок би можела да има сериозна трка за потписот на фудбалерот на Арсенал, Месут
Озил, чиј актуелен важечки договор со клубот истекува идното лето.

Тимот од Каталонија на
Арсенал му го нуди Андре Гомеш кој не се снајде во Барселона, а додатно како
обештетување до Премиерлигашот во пакет нуди и 20 милиони евра.

Озил во Арсенал дојде од
редовите на Реал Мадрид во 2013. Година, а дискутабилно беше неговото
заминување од шпанскиот тим, многумина сметаа дека тоа е погрешна одлука на
клубот, па останува да видиме како ќе се одвиваат настаните околу неговата
иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани