Атлетико Мадрид и Реал
Мадрид одиграа реми без голови во градското дерби од 12. рунда натпревари во
шпанската Примера, а овој резултат се чини дека додатно ја разниша атмосферата
во соблекувалната на тимот на Зинедин Зидан.
Се чини дека францускиот
фудбалски стратег е пред голем предизвик, можеби најголемиот откако го предводи
клубот, се шпекулира дека атмосферата во соблекувалната е разрушена, а првата ѕвезда
на тимот, Кристиано Роналдо збеснал по ремито против градскиот ривал.
Наводно Роналдо повторно
го искажал своето незадоволство од заминувањето на Мората, Родригез и Пепе
изминатото лето, тоа му го кажал лично на Зидан тврдејќи дека тоа е негова
грешка.
Во расправијата бил
вклучен и Лука Модриќ кој рекол дека тимот игра премногу лошо, доколку не е
Иско немало да имаат шанса за гол, на што се спротиставил Роналдо кој смета
дека токму Иско е причината за лошата игра на тимот бидејќи премногу ја
задржувал топката во свој посед, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал Мадрид веќе
заостанува десет бода зад лидерот во Примера, Барселона, а лошите игри во
последниов период донесоа и губење на првото место во групата од Лигата на
шампионите по поразот кај Тотенхем.