Сампдорија на
последните осум средби со Јувентус освои еден бод, но на лошата серија и дојде
крајот.
Избраниците на Џампаоло
денеска одлично му се спротивставија на фаворитот и го испратија дома со пораз
од 3-2.
По едно прво
полувреме со малку шанси, следеа возбудливи втори 45 минути.
Резултатот беше
отворен на стартот од вториот дел. Запата ја казни конфузната игра во одбраната
на Јувентус и неуспехот во неколку наврати да се расчисти топката за во 52.
минута донесе голема радост на Луиџи Ферарис.
Дваесет минути подоцна,
Тореира зголеми на 2-0. Фудбалерот од средниот прецизно биеше од врвот на
шеснаесетникот и навести дека „Старата Дама“ ќе си оди од Џенова со празни
раце.
Во 79. минута Шчезни
капитулираше по трет пат, одбраната на Јуве одново реагираше лошо а Ферари од
пет метри ја смести топката во мрежата.
Но „Страта Дама“
не се предаде, Игуаин од пенал во 91. минута намали на 3-1, а Дибала во 94.
минута погоди за 3-2. Сепак, кам-бекот беше задоцнет и гостите немаа време за
да се спасат од пораз.
На останатите
натпревари кои се одиграа попладнево, Каљари славеше со 0-1 на гостувањето кај
Удинезе, Сасуоло со 1-2 победи кај Беневенто, а средбите СПАЛ-Фиорентина и
Торино-Киево завршија 1-1.