237
Њукасл испрати официјална понуда до Лајпциг за Шешко вредна 90 милиони евра, се чека одговор од германскиот клуб кој тактизира со оглед на тоа што интерес за фудбалерот има и од Манчестер јунајтед.
Понудата на Њукасл е 80 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.
Манчестер јунајтед уште нема испратено понуда, но подготвени се да ја испратат ако фудбалерот ги одбере нив.
Некои медиуми велат дека Шешко сака преселба во Њукасл, други пишуваат дека се уште нема одбрано.
Од овој трансфер зависи и иднината на Исак кој полесно би заминал од Сент Џејмс Парк доколку Њукасл договори негова замена, како Шешко.