„Граѓаните“ ја
продолжуваат победничката серија, денеска славеа на гостувањето кај Лестер со
0-2.
Резултатот беше
отворен кон финишот на првиот дел, по една одлична акција, Силва и Жесус се
најдоа осамени пред Шмајхел, Шпанецот несебично го проигра Бразилецот кој
рутински ја смести топката во празната мрежа.
На стартот од
второто полувреме Манчестер Сити ги реши сите дилеми околу победникот, Кевин Де
Брујне погоди за 0-2.
Рутински победи
попладнево забележаа и Ливерпул и Челси. „Црвените“ со двата гола на Салах и
погодокот на Кутињо славеа со 3-0 над Саутемптон. „Сините“ пак предводени од
Мората и Азар со 0-4 триумфираа на гостувањето кај ВБА.
На другите
натпревари кои се одиграа попладнево, Борнмут со 4-0 го доби дуелот со
Хадерсфилд, Барнли со 2-0 го совлада Свонси, а Кристал Палас и Евертон одиграа
2-2.