244
Порто им приреди изненадување на своите навивачи и пред натпреварот против Атлетико Мадрид промовира ново засилување – и тоа на среде терен!
Никој, ама буквално никој надвор од клубот не знаеше дека е договорен потписот на Лук де Јонг од ПСВ. Искусниот напаѓач во тајност беше договорен, без да знаат португалските новинари, навивачите, па дури и трансфер експертот Фабрицио Романо.
Официјалниот спикер пред натпреварот само го повика Де Јонг да излезе на теренот прогласувајќи го како нов играч на Порто, а навивачите беа во бунило.
A surpresa da tarde 🤩 Welcome, Luuk De Jong 💙#SeguimosJuntos pic.twitter.com/MMGJOvBUAZ
— FC Porto (@FCPorto) August 3, 2025