Рио Фердинанд
нема убави спомени од дуелите со Лео Меси, Манчестер јунајтед загуби две
финалиња во Лигата на шампионите од Барселона.
Легендата на „Црвените
ѓаволи“ беше гостин на БТ Спорт, и кога му беше покажана една слика од него и
Лео Меси, тој си ја отвори душата.
„Поголемиот дел
од средбата го правев токму ова, го бркав Меси” – рече Рио Фердинанд и изнуди насмевки од публиката.
„Ова веројатно е мојата најсрамна вечер во животот, секако и онаа од Вембли. Оваа слика
е од Рим (финалето од Лигата на шампионите во 2009)”.
„Работата е во
тоа што многу е тешко да му се доближите. Со Видиќ стоевме на средината од
теренот на Вембли и се погледнавме (во неверица)”.
„Кога сте
дефанзивец, саката да бидете блиску до противниците, или да ја освоите топката.
Ние ниту ја имавме топката, ниту пак бевме блиску до Меси”.
„Проблем е тоа
што кога ќе му се доближите, Меси е толку мал и брз што ни поминуваше под раце”.
„Обично кога ќе
се обидете да заградите некого, со раката ќе го удрите во гради. Но ова момче е
магионичар, најдобриот играч против кого сум играл”.
„Во
соблекувалната сите се сложевме дека без Меси во тимот, ќе ја победевме
Барселона”.