Ѓокереш дебитира за Арсенал, Тотнем со гол речиси од половина терен го победи градскиот ривал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Тотнем славеа против градскиот ривал Арсенал (0-1) во пријателски натпревар одигран во Хонг Конг.

Ова градско дерби далеку од Лондон го реши Папе Матар Сар кој во 45. минута од првиот дел го постигна единствениот погодок. Фудбалерот на „петлите“ ја казни катастрофалната грешка на голманот Давид Раја кој далеку од својот гол згреши пас. Сар погоди речиси од центарот на игралиштето, матирајќи го противничкиот голман за 0-1.

До крајот на средбата во вториот дел следуваа многу измени, за Арсенал дебитира и Виктор Ѓокереш кој влезе во игра во 77. минута. Сепак, ниту тој не успеа да помогне за неговиот тим да избегне пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×